Цената на биткоинот падна под 7.000 долари

Цената на биткоинот падна под 7.000 долари

06/08/2018

 

Најпопуларната криптовалута во светот повторно загуби од својата вредност. Денес цената на биткоинот падна под 7.000 долари – со над 1.000 долари пониска вредност отколку пред само 3 дена, што придонесе за пад на вредноста и на некои од другите големи дигитални валути, пренесува „Bloomberg“.

 

Најголемата криптовалута по пазарна капитализација се обезвредни за 6% во првиот ден од седмицата. Растот на цената од минатата недела, кој ја зголеми нејзината вредноста со речиси една третина, изгледа се намалува во позадина на предизвикувачката техничка слика.

 

Серијата од пониски растови од последните денови покажува како моментите активности пропаднаа во градењето на вистинска инерција и тренд, коментира „Bloomberg“.

 

„Биткоинот и пазарот на крипттовалути изгледаат ранливи во почетокот на август“, пишуваат аналитичарите од „Bloomberg Intelligence“. „Индикацијата за понудата, побарувачката и цените остануваат негативна“.

 

Кај етериумот има пониска нестабилноста и цената останува 414 долари, нивото кое беше и во неделата. Значи, по неколку дена оптимизам, и двете криптовалути се вратија на пазарот.

 

Во последниве месеци цените на двете валути не се движат нагло освен ако нема конкретни вести околу евентуалната регулација што објаснува затишје околу нив.

 

https://denar.mk/186205/ekonomija/cenata-na-bitkoinot-padna-pod-sedumiljadi-dolari-2





Слични вести