Во Македонија нема небезбедни домати од Турција

Во Македонија нема небезбедни домати од Турција

10/04/2018

 

 

Во Македонија нема увезнеи турски домати кои не се безбедни за употреба тврдат од АХВ. Ова следува откако по српските медиуми експресно се прошири веста дека на белградските тезги има отровни домати од Турција.

 

 

 

Медиумите се повикуваат на слика со декларација на која стои дека кората од доматот не е за човечка исхрана.

На ова реагираше и српскиот министер за земјоделство. Тој ја смирува јавноста и вели дека станува збор за грешка во декларацијата и најави санкции за одговорните лица. Од друга страна пак Претседателот на српската Организација на потрошувачи тврди дека надлежните наоѓаат изговори а доматите не се безбедни за употреба.

Од АХВ соопштуваат дека инспекторите во земјава вршат редовни контроли и досега немаат информации за увоз на небезбеден зеленчук на македонскиот пазар.

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство вршат континуирани контроли на пратките кои се увезуваат во Република Македонија и истите на пазарот во земјава се пуштат исклучиво по добивање на наод од извршени лабораториски испитувања, со кои се потврдува безбедноста, односно дека зеленчукот кој се увезува не содржи пестициди или други штетни материи над максимално дозволените концентрации.

Од почетокот на годинава од Турција Грција Албанија и Италија увезени се 264 пратки односно над 2,5 милиони килограми домати. Лани во земјава се внесени 1600 тони домати од Турција.





Слични вести