МАКЕДОНИЈА НА ПОСЛЕДНОТО МЕСТО СПОРЕД ИНДЕКСОТ ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ

МАКЕДОНИЈА НА ПОСЛЕДНОТО МЕСТО СПОРЕД ИНДЕКСОТ ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ

04/04/2018

 Македонија е на последното место на европската скала според индексот за медиумска писменост, објави Иницијативата за европски политики при Институтот „Отворено општество“ од Софија. Истражувањето покажало дека земјите од Северозападна Европа се најотпорни на влијанието на лажните вести поради квалитетот на образованието, слободата на медиумите и високата доверба меѓу луѓето.

- Другиот екстрем се балканските земји, кои се почувствителни на негативните ефекти на лажните вести генерално поради контролираните медиуми, недостатоците во образованието и ниската стапка на меѓусебна доверба – пишува во извештајот.

 

Индексот ја проценува потенцијалната отпорност на лажни вести во 35 европски земји, користејќи индикатори за слободата на медиумите, образованието и довербата кај луѓето. Како индикаторите даваат различна важност, така тие имаат различна тежина. Така индикаторите за слободата на медиумите имаат најголема тежина според Freedom House and Reporters without Borders заедно со индикаторите на писменост според ПИСА.

 

Најотпорни на влијанија се скандинавските земји, заедно со Холандија, Естонија и Ирска. Со најслаби резултати се југоисточните земји – од Хрватска до Турција, нивните непосредни соседи Унгарија и Кипар, и завршуваат со Македонија. По правило, причина за овие резултати се слабите или просечните перформанси во образованието, како и контролираните медиуми. 

- Таквите земји најверојатно ќе бидат подложни на лажни вести и на негативните ефекти што следуваат – пишува во извештајот.





Слични вести