Месецот на франкофонијата одбележан во општина Новаци

Месецот на франкофонијата одбележан во општина Новаци

02/04/2018

Во рамките на имплементацијата на проектот кој општина Новаци го реализира во соработка со општина Коломбел од Франција а под покровотелство на Министерството за надворешни работи на Франција , учениците од деветто одделение со низа активности го одбележаа месецот на франкофонијата.

 

„Оваа активност е последната која е предвидена со проектот 2017/2018 година од Министерство за надворешни работи и општина Коломбел од Франција. Годинава имаме повторна апликација со што ќе ја продолжиме соработката а имаме многу интересни содржини и активности во кои ќе бидат вклучени покрај децата ид руги целни групи. Една од нив е и поставување на спомен плоча со паертерно уредување во Брод со имиња на загинатите војници од Првва светска војна, потоа на 15 септември ќе ја поддржиме активноста за одбележување на битката на Добро поле која бил направен пробојот на солунскиот фронт и сл. “ рече Љубе Кузманоски, градоначалник на општина Новаци.

Учениците претходно правеа истражување за некогашните француски шансони, и споредба помеѓу француската музика од времето на Едит Пјаф и денешната современа француска музика.

„Активноста која ја направивме со цел одбележување на месецот на франкофонијата беше насловена „Les chansons françaises et la musique contemporaine“.Учениците од 9-то одделение работеа поделени во две групи. Едната група истражуваше за старите француски шансони, а другата група  правеше истражување за денешната модерна француска музика. Потоа двете групи заеднички гие разгледаа резултатите. Исто така слушаа музика , издвоија неколку познати пејачи од минатото, како и некои кои се популарни денес. Потоа направија и кратка презентација за истите. Учениците пројавија голем интерес за да се запознаат со француската музика некогаш и денес, а самата активност им помогна во нивното подобрување на писменото и усното изразување на француски јазик. “ рече Славјанка Христова, наставник по француски јазик во О.У.”Славко Лумбарковски”- Новаци.

Во рамките на овој проект претходно беа организирани неколку работилници на историкса тематика и квиз за учениците , како и одбележување на празникот на свеќите кога учениците правеа палачинки.





Слични вести