Општина Новаци прослави 22 годинa постоење

Општина Новаци прослави 22 годинa постоење

31/03/2018

Општина Новаци денеска прослави 22 годинa  успешна работа и опстојување. Празнувањата започнаа со положување на свежо цвеќе пред споменикот на народниот херој Славко Лумбарковски во истоименото централно училиште коe пак го празнува патрониот празник. 

 

Чествувањата продолжија со полагање свежо цвеќе на гробот на загинатиот херој Пеце Матичевски родум од Новаци а загинат во конфликтот во 2001 година. 

Свечената седница на Советот на општина Новаци на која свое обраќање имаше градоначалникот Љубе Кузманоски се одржа во Младинскиот културен центар. 

„ Советот заедно со градоначалникот на општината се органи кои се одговорни за нејзиниот развој.Изминатите 22 години таа одговорност и обврска ја имаа нашите претходници и поранешни градоначалници. Во овој мандат обврската ја имаме ние .Ќе направиме се што е во наша можност и се разбира во рамките на законите да ги подобриме условите за живот на нашите сограѓани. Да ги занемариме партиските интереси и единствено да се водиме од интересот на граѓаните, затоа што граѓанинот е пред се и над се“. рече Наумче Смилевски, претседател на Совет на општина Новаци.

По повод денешниот ден беше организиран и отворен ден во општина Новаци за многубројните гости и пријатели на оваа локална самоуправа.

„Денеска го одбележуваме денот на општина Новаци и 22 година постоење. Општината важи за една од најдобрите и најуспешните рурални локални самоуправи во државата. Со посветеност и макотрпна работа тоа темпо уште повеќе ќе го надоградуваме и развиваме , се со цел да им го зголемиме квалитетот на живот на нашите жители и да ја направиме општината подобро и поубаво место за живеење . “ рече Љубе Кузманоски,градоначалник на општина Новаци.

Градоначалникот уште еднаш направи преглед на проектите кои се зацртани да се реализираат во наредниот периот: доасфалтирање на патот Рапеш Старавина , доизработка на проект за обезбедување на вода за пиење од водовод Битола и отпочнување на градба за населените места Бач, Брод, Добровени и Живојно, реконструкција на училиштата во селата Горно Агларци и Бач , изработка на проектна документација и урбанистички планови , реконструкција на објекти на месни заедници Живојно, Далбеговци, Скочивир и други, доизградба на капела во с. Новаци, изградба на ракометно игралиште во с. Долно Агларци, реконструкција на водоводите во селата Мегленци и Старавина,изградба на тротоари со бекатон плочки во повеќе населени места,реконструкција и доградба на општинската зграда, реконструкција , одржување, асфалтирање и тампонирање на патишта и улици на територијата на општина новаци , изградба на зелен појас и други.

На свечената седница на Советот пред советниците, општинската администрација и многубројните медиуми,Кузманоски  посебен акцент стави на понатамошниот развој на општината и многубројните  планирани проекти за реализација во наредниот период.

Општина Новаци како единица на локалната самоуправа постои од 1996 година и е составена од трите поранешни општини Новаци, Бач и Старавина.

Градоначалникот на општина Новаци Љубе Кузманоски на своите соработници и пријатели, поддржувачи на работата на општина Новаци им додели благодарници на: ЕЛЕМ, РЕК, ФОД, УЈП, Македонска пошта, ЦУК, МВР, ПЗУ Даскал, ДЗС, и на голем број медиуми.На спортските амбасадори , сестрите близначки Ана, Марија и Атанасија Момоковски им беа доделени благодарници за спортските достигнувања во карате.





Слични вести