Зоран Пејковски со нова збирка со песни, насловена “Здивот на смртта“

Зоран Пејковски со нова збирка со песни, насловена “Здивот на смртта“

23/03/2018

 

Деновиве од печат излезе новата збирка песни на битолчанецот Зоран Пејковски насловена „Здивот на смртта“, а во издание на издавачка куќа „Феникс“ од Скопје“.

 

Станува збор за збирка песни поделена во три циклуси „Морбиди во крвотокот“, „Татковина за покојните“ и „Осмислување на епитафот“ која содржи 36 песни.

 

Рецензенти се проф. д-р Васил Тоциновски и проф. д-р Христо Петрески, Тоциновски за најновото издание на Пејковски меѓу другото ќе напише:

 

-Станува збор за трагична лирска исповед напишана во мигови кога дошло време за разделба со еднаш и кратко дадениот живот додека здивот на смртта своите студени усни како отворени рани за кои нема мелем се множат по телото. Не останало ништо од човекот, времето и просторот. Постои само зборот не како утеха, туку како верба со него и во одговорноста пред него како писмо да се остават аманети, пораки и поуки до поколенијата и идните времиња.Проф. д-р Христо Петрески во својата рецензија на “Здивот на смртта“ има запишано:

 

-Како ретко кој друг автор, битолскиот писател Зоран Пејковски во најновите негови ракописи го покажува и докажува своето растење, зреење, па и зрелост. Така, тој во последниве неколку години директно му погледна на животот, но и на смртта. Неговите песни, драми, проза… сето тоа е обвиено со некоја тајновитост и мистика, но истовремено е и директно и жестоко. И, како ретко кој друг автор, Зоран Пејковски пишува за смртта. Така е и во неговата најнова стихозбирка „Здивот на смртта“. Смртта, всушност, за Пејковски подолго време е опсесивна тема и преокупација. Неговите песни се пророчки, искрени и доживеани, па, би рекле, дури и манифестни и тестаментални…

 

Битолскиот автор Зоран Пејковски тој е редовен академик и е единствениот натуралист во македонската литература. Тој е драмски писател, поет, прозаист, преведувач и публицист, дипломира и магистрира драматургија, а сега е докторант на Институтот за македонска литература – Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, а за својот книжевно – драмско – прозни и поетски опус има добиено повеќе награди и признанија, во Македонија и странство.

 

Исто така, со Решение № 37 на Советот на чувашките старешини и на Президиумот на Република Чувашија, која е државна организација на Чувашката народна академија на науките и уметностите од 25-ти март 2017 година, во градот Чебоксари, Република Чувашија, Руска Федерација, Зоран Пеjковски.





Слични вести