Вес Мичел, Американскиот помошник-државен секретар за Европа и Евроазија, во посета на Скопје

Вес Мичел, Американскиот помошник-државен секретар за Европа и Евроазија, во посета на Скопје

12/03/2018

Американскиот помошник-државен секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел, во текот на оваа недела ќе престојува во посета на Скопје. Оваа информација за медиумите беше потврдена од Министерството за надворешни работи.

 

Мичел доаѓа во прва посета на земјава, откако минатата година ја замени на позицијата во Стејт департментот Викторија Нуланд.

Од МНР не прецизираа кој ден следнава недела Мичел ќе престојува во Скопје.

Според агендата, Мичел за време на посетата на Македонија ќе се сретне со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров и со премиерот Зоран Заев.

Во меѓувреме, посетата на Мичел доаѓа пред следната рунда преговори меѓу Македонија и Грција, но и во пресрет на доаѓањето на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас, кој месецов треба да допатува во Македонија со грчката нацрт-спогодба за спорот за името.

 

 

Во контекст на овие актуелни случувања, треба да се напомене дека претходничката на Мичел, која претходно долги години ја извршуваше функцијата помошник-државен секретар за Европа и Евроазија, Нуланд, доаѓаше во земјата во текот на разговорите за пржинските договори за излегување од политичката криза. 

Таа поднесе оставка на позицијата лани, по што Мичел беше именуван за американски помошник-државен секретар. 

За потсетување е и дека актуелниот висок американски дипломат се сретна со македонскиот министер за надворешни работи Димитров минатата година, при неговата посета на Вашингтон.              





Слични вести