Нестабилно со врнежи до петок, викендов со температури и до 23 степени

Нестабилно со врнежи до петок, викендов со температури и до 23 степени

05/03/2018

 

Повеќе врнежи се очекуваат попладне во западните делови од државата каде локално може да наврнат и до 15 литри на метар квадратен. Ќе дува умерен до повремено засилен ветер претежно од југоисточен правец, особено вдолж Повардарието и Пелагонија.

 

 

Повремени врнежи од дожд ќе има и во текот на утрешниот ден, особено попладне кога поинтензивни ќе бидат во западните и крајните источни делови. Само на повисоките планини ќе има повремен снег. Во јужните делови ќе има услови за локална појава на грмежи.

 

Во среда се очекува претежно суво време, a во четврток повторно ќе има локални врнежи кои на планините ќе бидат од снег. До четврток повремено ќе дува засилен ветер и тоа утре и во среда од јужен и југозападен правец, а веќе во четврток од северозападен правец.

 

Од петок ќе настапи стабилизација на времето со значително повисоки дневни температури кои за време на викендот ќе достигнат и до 23 степени.





Слични вести