Јункер: До 2025 година сите земји од Западен Балкан може да влезат во ЕУ

Јункер: До 2025 година сите земји од Западен Балкан може да влезат во ЕУ

26/02/2018

 

Сите земји од Западен Балкан би требало да гледаат на 2025 година како на датум на кој некои од нив би можеле да се приклучат кон ЕУ, под услов да ги исполнат критериумите за членство, изјави синоќа во Тирана претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

 

Јункер, кој ја посети Албанија во рамки на неговата турнеја низ земјите од Западен Балкан, нагласи дека 2025 година е „можен датум за прием“ во ЕУ на сите земји од Западен Балкан, а „не само на фаворитеите“,

 

Според него, спротивно на тоа што може да се прочита насекаде, Европската комисија и тој лично никогаш не рекле дека Србија и Црна Гора сигурно ќе станат членки на ЕУ во 2025 година

 

- Како датум за прием 2025 година е отворена за сите земји кандидати и во завсиност од тоа дали до тогаш или порано или подоцна ќе ги исполнат крутериумите за членство, ние ќе постапиме на таков начин што ќе ги призанеме нивните напори, нагласи Јункер,

 

Претседателот на Еврокомисијата во Тирана допатува од Скопје, а денеска ќе ја продолжи турнејата низ земјите од Западен Балкан со посета на Белград.





Слични вести