Руската правослаавна црква застана зад српската во однос на спорот СПЦ – МПЦ

Руската правослаавна црква застана зад српската во однос на спорот СПЦ – МПЦ

26/02/2018

 

Проблемот на македонската православна црква-охридска архепископија треба да се решава преку дијалог со српската православна црква, вели рускиот митрополит г.Иларион. Според него, бугарската православна црква треба да се солидаризира со српската православна црква и со православната охридска архиепископија, наместо, како што вели, да ја поддржува македонската православна црква во продлабочувањето на расколот.

 

 

„Aко една православна црква започне да го поддржува расколот на штета на другите цркви, тогаш таа ситуација може да привлече нови расколи, а во никој случај нема да придонесе за надминување на веќе постоечките расколи. Кога станува збор за непризнатата македонска православна црква која ѝ се обрати на бугарската православна црква и од неа побара да ѝ биде мајка-црква, сметам дека проблемот на мпц-оа мора да се решава преку дијалог со српската православна црква“ - вели митрополит Иларион.

 

Митрополитот вели и дека мотивите на расколниците секогаш се политички и повика на солидарност и единство помеѓу помесните цркви во решавањето на сите проблеми. 

Светиот синод на Бугарската православна црква на 27 ноември минатата година одлучи да се ангажира и да ја застапува МПЦ пред помесните православни цркви за воспоставување на канонскиот статус на Македонската црква. Потегот наиде на позитивни реакции во црковните и световните кругови во двете земји, а светиот синод на БПЦ одлучи да формира архиерејска комисија за преговори на МПЦ со останатите православни цркви.

 

Сепак контактите на бугарската и македонската црква наидоа на негодување од вселенската патријаршија од каде ги осудија неканонските односи на БПЦ со како што ја нарекуваат расколничката православна заедница во Македонија.

 

Македонскиот поглавар Г.Г Стефан на последната средба со Иринеј за Бугарските медиуми  изјави дека без разлика на тоа што некои поединци имале поинакво мислење сепак  мнозинството одлучило и донело  одлука БПЦ да биде мајка црква на МПЦ и да ја застапува пред останатите цркви во православниот свет.   

 

Aмериканската професорка по црковна историја Инес Мурзаку пак вели дека не постојат никакви прречки Православните цркви да не ја признаат автокефалноста на Македонската православна црква. Во анализата посветена на македонското црковно прашање Мизраку вели дека моменталната состојба со Македонската Црква како и петдецениското чекање за признавање на нејзината автокефалија, го повредуваат единство на црквата.

 

„Македонија, нејзината Црква и нејзините силно обидените луѓе треба да се третираат со почит и достоинство што тие го заслужуваат како полноправни членови на православното и европското семејство.“





Слични вести