Москва; Во близина на Москва се сруши авион со 71 патник

Москва; Во близина на Москва се сруши авион со 71 патник

11/02/2018

 

Авион на руската компанија „Саратов ерлајнз“ во кој имало 71 патник се срушил денеска во близина на Москва.

 

Во близина на Москва се срушил авион со 71 патник

 

Агенцијата Тас повикувајќи се на градските власти информира дека авионот „Ан-148“ исчезнал од радорот веднаш по полетувањето од московскиот аеродром „Домодедово“

 

Авионот на компанијата „Саратов Ерлајнс“ исчезнал од радарите помалку од десет минути по полетувањето од московскиот аеродром Домодедово, пренесува агенцијата РИА. Летал кон градот Орск, кој се наоѓа во регионот Оренбург, на границата со Казахстан.

 

Сѐ уште не е познато што ја предизвикало несреќата. Руското министерство за сообраќај разгледува неколку можни причини, вклучително и лошите временски услови и грешка на пилотите.





Слични вести