Следетеja Олимпијада со Google

Следетеja Олимпијада со Google

09/02/2018

Олимписките игри во Пјонгчанг започнуваат денес. За среќа Македонската радио телевизија обезбеди пренос, но ако вашиот омилен спорт не е на телевизија, не очајувајте, Google е тука.

 

Компанијата во блог пост објави како може да ги следите најинтересите моменти од Олимпијадата. Зборуваме за легални методи, за другите секако ќе може да се снајдете и самите.

 

Пребарувајте

Ако знаете што барате секако ќе го пронајдете на Google. А, ако не знаете, внесете Зимска олимпијада (Winter Olympics) и погледнете што ќе се појави во резултатите.

 

YouTube

За жал, пренос во живо на YouTube нема да има, но може да ги погледате најинтересните моменти од Олимпијадата. Ако сакате може да го следите американскиот YouTube TV канал (треба да бидете покреативни за да се приклучите).

 

Апликации

Секако ниту еден поголем настан не може да помине без куп апликации. Овој пат има неколку:

 

PyeongChang 2018 Official App

The Olympics – Official App

Olympic Channel

PinQuest

Eurosport app

Street View и Google Earth

Една од препоракитe на Google е и да ѕирнете како се одвиваат настаните во живо. Секако ова не е баш евтино, но со помош на мапите на Google може да се спуштите и директно долж на улиците а Пјонгчанг.

 

Google Assistant

Тука е и паметниот асистент на Google кој може да го прашате за настаните, иако малце се буни од време на време и ќе ве врати во 2016 година.

 

Виртуелна Реалност

Конечно, ако сте мислеле на време, Олимписките игри може да ги следите и во виртуелна реалност. Преносот ќе го врши Eurosport преку  Eurosport VR app. Преносот ќе биде со повеќе камери, па уживањето ќе биде комплетно.





Слични вести