Имињата на македонскиот аеродром низ годините

Имињата на македонскиот аеродром низ годините

07/02/2018



      

Аеродром „Александар Велики“ во минатото беше познат и како Аеродром Петровец и како Аеродром Скопје.

Владата на вчерашната седница одлучила да го промени името на скопскиот аеродром од „Александар Велики“ во „Меѓународен аеродром Скопје“.

 

 

На 27 декеври 2006 година, македонската влада го промени името на аеродромот, од „Аеродром Скопје“, во „Аеродром Александар Велики“. Ова преименување дополнително ги влоши грчко-македонски односи, бидејќи двете држави го сметаат Александар Македонски како свој.

Според историските податоци аеродромот “Скопје“ започнал да се гради околу 1922-тата година лоциран во непосредна близина на центарот на градот, односно истата локација каде што денеска се наоѓа населба Аеродром. Всушност населбата подоцна го добила името токму поради овој мега популарен аеродром во тоа време.

 

 

 

Првиот патнички авион кој слетал на 15-ти јуни 1928-ма година на Аеродромот “Скопје” бил авион од типот “Потез-29” од француско потекло кој превезувал 5 патници и 290 килограми товарен багаж на релација Белград – Скопје – Подгорица –Мостар – Сараево – Белград.

 

Во 1929-тата година била воспоставена и авионската линија Солун – Скопје – Белград. Времето на тргнување било во 7 часот наутро од Аеродром “Скопје” и било така планирано што патниците и трговците од Солун им се овозможувало заштедат време и да си ги завршат дневните тргувања на тогашните регионални пазари.

 

Тој аеродром во почетоците имал само домашни дневни чартер летови, за подоцна да добие и класификација на интернационали аеродроми.

 

Првиот меѓународен лет се реализирал во 1930 година на релација Виена-Грац-Загреб-Белград-Скопје-Солун, додека пак нешто подоцна во 1931 година била пуштена авионската линијата Скопје- Подгорица- Скопје.

 

Директен лет Скопје-Атина

 

Во октомври, минатата година, грчката авиокомпанија Aegean airlines на прес-конференција соопшти дека во 2018 ќе се воведе директен лет Скопје-Атина, а македонскиот главен град беше една од новите 11 дестинации.

 

 

 

Сепак, според информациите од Атина, главната пречка за да започне авиосообраќајот Скопје кон Атина и обратно, беше името на скопскиот аеродром.

 

Со изјавата на македонскиот премиер дека ќе има преименувања, се поставува прашањето дали можеби сега се отвора патот кон воведувањето на линијата по пауза од 15 години. Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција Јоргос Катругалос, во однос на конкретното прашање вели дека мерките за градење доверба за кои што се веќе одржани шест круга, разгледуваат многу прашања, меѓу кои и железничко и авио поврзување.

 

- Нашиот впечаток е дека е во интерес на Грција да има што повеќе поврзувања со сите земји, па дури и со оние земји со кои има проблематична историја што се однесува на односите, затоа што економско подобрување на односите на двете земји, секогаш помага. Мислам дека и Министерството за надворешни работи се согласува со оваа тенденција и затоа на почетокот реагираше позитивно на нашето расположени да летаме и таму, рече Ефтихиос Василакис, потпретседателот на Еџиан ерлајнс, во октомври минатата година.

 

Во 2003 година, постоеше директно авионско поврзување меѓу Скопје и Атина, со редовна линија, пет пати седмично, нешто што беше прекинато, а бизнис заедниците од Македонија и Грција минатата година бараа одново да се воведе летот. 

 

Покрај името на аеродромот, ќе се менува и името на автопатот „Александар Македонски“ во „Пријателство“. Премиерот Зоран заев исто така објави дека позицијата на Владата е да се прифати географска одредница за името на Македонија.

 

Промената на името на аеродромот и автопатот беше најавено од премиерот Зоран Заев на 24 јануари по средбата со грчкиот премиер Алексис Ципрас на Светскиот економски форум во Давос. Веста премиерот ја соопшти на прес конференцијата со амбасадорот Самјуел Жбогар.






Слични вести