Сојузот на спортови ќе ги избере најдобите спортисти и екипи на Битола за 2017 година

Сојузот на спортови ќе ги избере најдобите спортисти и екипи на Битола за 2017 година

02/02/2018



Сојузот на спортови на Битола и оваа година ќе ја продолжи повеќе децениската традиција на избор на најдобри спортисти и спортски екипи на Битола.

 

Денес Сојузот испрати известување до сите битолски спортски клубови кои се членови на Сојузот на спортови да ги пријават своите најдобри спортисти и екипи најдоцна до 10 февруари.

 

Во известувањето доставено до клубовите се вели дека спортските клубови предлозите во писмена форма да ги испратат со потребните прилози (дипломи, билтени и сл.) во просториите на Сојузот на спортови на улица “Булевар 1-ви Мај“ (зграда на поранешниот Извршен совет), канцелрија бр. 7, а во предлогот треба да биде наведено лицето за контакт со клубот.

 

Сојузот на спортови на Битола ќе избира:

 

-10 најдобри спортисти во сениорска конкуренција

 

-10 најдобри млади спортисти

 

-3 науспешни екипи во сениорска конкуренција

 

-3 најуспешни екипи во младинска конкуренција

 

-најуспешен спортист по предлог на ССРИ – Битола

 

-двајца професори по физичко воспитување по предлог на Сојузот за училишен спорт на Битола

 

-други спортски работници.

 

Рангирањето и прогласувањето на најдобрите спортисти на Битола за изминатата година Сојузот на спортовите ќе го извши согласно критериумите на Сојузот, врз основа на прдлозите на членките на Сојузот.

 

На изборот на спортист ќе бидат доделени и наградите на најдобите училишни спортски екипи на ноќната атлетска трка во 2017 година.

http://bitolanews.mk/category/sport/

Published in Спорт 






Слични вести