ЕП Хрватска; Шпанија е новиот Европски првак

ЕП Хрватска; Шпанија е новиот Европски првак

29/01/2018

Шпанија е новиот европски шампион во ракомет, откако вчера во финалето ја совлада Шведска со убедливи 29:23.

Клучна фигура во триумфот на шпанската селекција беше голманот на Вардар Арпад Штербик кој со своите одбрани во второто полувреме имаше огромен придонес за резултатскиот пресврт. Швеѓаните одигра подобро во првото полувреме кое го решија во своја корист со 14:12, но потоа на сцена стапи Штербик.

 

Мотивирани од неговите извонредни одбрани, шпанските ракометари на 15 минути пред крајот има плус 5, водство доволно за рутински финиш и трофеј во „Арена Загреб“. За Шпанија ова е прв трофеј од евро-шампионатите.

Најефикасни на натпреварот беа Соле и Балагуер во победничката репрезентација и Нилсен кај Швеѓаните, сите со по пет погодоци.

 





Слични вести