Зошто паѓа цената на биткоинтот

Зошто паѓа цената на биткоинтот

22/01/2018

Изминатава недела вредноста на биткоинот се намали за 25%, а изминатиов месец за вкупно 46%. Вчера беше посебно трагичен ден бидејќи цената на крипто-валутата се симна под 10.000 долари. Во најдобрите денови малку фалеше биткоинот да достигне 20.000 долари.

 

Споредбата на скокот на биткоинот со минати слични „лудила“ покажува дека растот е неодржлив. Џереми Грантам, главниот стратег на 74-милијарди долари вредниот инвестициски фонд ГМО, во писмо до инвеститорите од 3-ти јануари годинава објаснува:

„Немајќи никаква јасна основна вредност и со доминантно нерегулирани пазари, надополнето со приказни подобни на илузии за големи успеси, го прави ова повеќе од што било друго што можеме да го најдеме во книгите по историја чиста суштина на балон.“

Јужна Кореја и Кина решија да стават крај на тргувањето со крипто-валути. По оваа верзија, падот се должи на масовната распродажба на крипто-валути која следуваше по изјавата на јужнокорејскиот министер за финансии Ким Донг-јеон, дека „гасењето на берзите за виртуелни валути и понатаму е една од опциите“ што владата ја има за регулирање на пазарите на крипто-валути. Во исто време кинеските власти најавија и почнаа да спроведуваат мерки за укинување на трговијата со крипто-валути.

 Биткоинот падна и минатиот јануари, делумно благодарејќи на Кинеската нова година. Дел од аналитичарите падот го објаснуваат и со доаѓањето на Кинеската нова година, заради која значителен број од азиските сопственици на крипто-валути одлучиле да продадат дел од своето крипто-портфолио со цел да купат подароци.

Минатата година биткоинот во јануари падна од 1.162 долари на 752 долари, па потоа почна да расте кон средината на февруари. Слично беше и во 2016.

Вредноста на биткоинот е нестабилна делумно затоа што неколку луѓе го поседуваат најголемиот дел од него. 40% од биткоинот се во рацете на околу 1.000 корисници а топ 100-те биткоин адреси контролираат околу една-шестина од сите издадени биткоини.

Една од причините зошто биткоинот може да падне по 20% на ден е затоа што ако кој било од овие големи инвеститори одлучи да продава, тоа може да го измести пазарот,





Слични вести