Goldman Sachs: Биткоинот е како златото

Goldman Sachs: Биткоинот е како златото

16/01/2018



 

Клиентите на големата американска инвестициона банка “Голдман Сакс” добија извештај оваа недела, кој меѓу другото, се однесува и на пазарите на криптовалути.

 

Аналитичарот Зак Пандл во извештајот напишал како одеднаш големата побарувачка на биткоинот во светот создаде незадоволство на луѓето кој се моментално во постоечкиот монетарен систем и банкарската инфраструктура. Од ова, тој извади заклучокот дека криптовалутите во блиска иднина треба да станат нов вид на сопственост во кое се чува богатството – исто како златото и другите безбедни и стабилни форми на сопственост.

 

Бикоинот во иднина на инвеститорите ќе им носи пониски приноси на долг рок, но тој и понатаму ќе продолжи со стабилна цена која ќе овозможи заштита и чување на средствата од девалвација на безбеден начин. Затоа во биткоинот ќе почне да се инвестира на начин сличен на оној што сега се инвестира во златото.

 

Во истиот извештај, прогноза поврзана со цената на биткоинот е негативна, а е изразен и скептицизам за експоненцијалниот раст на целокупниот крипто пазар. Но, виртуелните валути да бидат природен наследник на сегашните пари е сеуште рано. Постепеното прифаќање на криптовалутите и фактот дека тие функционираат, ќе придонесе повеќе и повеќе луѓе да се свртат кон нив, рече дитекторот на “Голдман Сакс”, Бланкин минатата година.






Слични вести