НАСА; Новата технологија треба да овозможи откривање на знаци на живот со помош на микроби

НАСА; Новата технологија треба да овозможи откривање на знаци на живот со помош на микроби

30/11/2017



Американската Национална вселенска и аеронаутичка администрација (НАСА) во рамки на мисијата „Марс 2020“ на „Црвената планета“ ќе испрати модернизирано беспилотно возило, чија задача ќе биде да трага по знаци на микробиолошки живот.

 

Новото возило е замислено како наследник на роботот „Кјуриозити 2012“ кој е се уште се наоѓа на Марс. „Кјуриозити“ и неговиот наследник изгледаат слично и користат иста технологија, со тоа што новото возило ќе има седум дополнителни инструменти и редизајнирани тркала.

 

Со помош на големиот број сензори новото возило ќе може да го проучува тлото на Марс, како на самата површина, така и длабоко во внатрешноста на планетата.

 

Негова примарна задача ќе биде да обезбеди примероци од тлото и карпите на Марс во кои би имало значи на живот.

 

– Тоа што ќе го дознаеме од анализата на примероците што ќе бидат собрани во текот на оваа мисија, би требало да ни открие дали сме сами во Вселената, изјави научникот на НАСА, Кен Фарли, кој е дел од тимот вклучен во новиот проект.

 

Новата технологија треба да овозможи откривање на знаци на живот со помош на микроби. Со спектрометарот на возилото ќе може да бидат регистрирани и најмалите дамки со големина на зрно сол, а ултравиолетовите ласери ќе го воочуваат секој евентуален невидлив сјај што потекнува од атомите на јаглеродот.






Слични вести