„Крвави свадби“ за 73-от роденден на Народниот театар Битола

„Крвави свадби“ за 73-от роденден на Народниот театар Битола

14/11/2017

 

„Крвави свадби“ – лирската љубовна трагедија за бракот од калкулација, за љубовта и љубомората, за страста и крвната освета, за честа и традицијата, утре ќе ја има својата премиера во Народниот театар Битола кој прославува 73 години од постоењето. Директорот на театарот Иван Јерчиќ се заблагодари на целиот тим кој за 30-тина дена успеа да создаде една ваква претстава.

 

„Крвави свадби“ во битолскиот театар се игра по втор пат, оваа претстава која изобилува со емоции прв пат била изведена во 1971 година.

 

Режисерот на претставата Љупчо Ѓоргиевски вели дека пиесата на сцената е соголена од шпанските обреди и ритуали, а актерите ги играат директно судбините и проблемите на карактерите.

 

Екипата која се појавува на сцената е составен од 11 актери, 2 деца и двајца музичари, а она што радува е што во истата се појавуваат актери од сите генерации.





Слични вести