Битолчанки со стил на најпознатите коњички трки во Австралија

Битолчанки со стил на најпознатите коњички трки во Австралија

10/11/2017



Нашите сограѓански се познати дека постојано се во тек со високата мода, а битолчански пред сто години ја следеле европската мода.Тоа продолжило се до ден денешен. Битола е град кој е познат најубаво “дотерани“ жени, кои ни по леб, не излегуваат туку-така.

Ваквиот стил на облекување битолчански кои се населиле насекаде низ светот го понеле со себе. Еден таков пример се нашите сограќанки кои својот живот го продолжиле во далечниот континент Автралија, а својот моден стил го носат и по покажуваат на најпопуларните настани кои таму се одржуваат. Еден од тие настани на кој му се дава најголем публицитет е најпопуларната коњичка трка во светот наречена “Мелбурн куп“.

Денот на кој се одржува оваа трка 7 ноември, е прогласен за неработен ден, а ретки се оние кои имаат прилика во живот, на хиподром, да ја следат најважната коњичка трка во светот, која се следи со посебен “дрес код“.

Нашите сограѓански, Даниела Колевска – Дамевска, Лилјана Атанасова, Марина Смилевски и Дита Георгиевски беа дел Џелонг Купот за Мелбурн Куп.

- Овој ден е празник за сите во Австралија, бидејќи коњичките трки се најпопуларни, не само во Мелбурн каде е финалето, туку и во другите градови, Сиднеј, Џелонг… На овие трки се најголемите влогови во обложовалниците, а самиот настан е одлично осмислен и привлекува голем број на луѓе, кои се посебно облечени. Мислам дека јас и останатите битолчански кои сме ваму во Австралија, го оправдавме потеклото дека сме од Битола, град на убави и секогаш модерно облечени жени, вели нашата сограѓанска која живее со Џелонг, Австралија, Даниела Колевска – Дамевска, чии фотографии објавуваме.

Поради модниот стил на битолчанките, на коњичките  трки, тие се најдоа и на страниците на некои модни списанија во Австралија.

Ж.Р.

извор : bitolanews.mk










Слични вести